Хроника 10. ноември 2018. / 10:53

Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

На регионалниот пат Битола – с.Новаци пред с.Логоварди вчера околу 15 часот патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело.

Од МВР информираат дека во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.