Хроника 18. октомври 2018. / 11:28

Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

Битолчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 9.13 часот во Битола, пред раскрсницата за с.Остерц и с.Велушина во правец на с.Драгош, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „шкода фабија“ со битолски таблици управувано од А.Л. (40) од Битола и возило „фолксваген голф“ со битолски таблици управувано од Л.П. (37) од Битола.

Во незгодата А.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, додека Л.П. се здобил со телесни повреди.