Хроника 12. ноември 2019. / 15:03

Битолчанец се повредил чистејќи го пиштолот

Битолчанец се повредил чистејќи го пиштолот

Повредениот бил пренесен во клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош.

Вчера во битолската полиција е пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“, С.Ј. (44) од Битола се повредил чистејќи пиштол. Полицијата извести дека пиштолот го поседувал со дозвола, а од истрелот здобил прострелна рана во левата дланка. Повредениот С.Ј. бил пренесен во клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош.