Хроника 25. јуни 2018. / 15:00

Битолчанец нападна полицаец

Битолчанец нападна полицаец

СВР Битола поднесе кривична пријава против 43- годишниот Б.Т од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

– На 08.05.2018 година околу 16.30 часот во просториите на СВР Битола, пријавениот, кој бил приведен поради нарушување на Јавниот ред и мир, физички нападнал полициски службеник- соопшти МВР.