Двајцата почнале да ги навредуваат, да им се закануваат, а во еден момент се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници.
Вчера околу 16.15 часот на улица Партизанска во Битола тројца полициски службеници запреле такси возило „фолксваген пасат“ со битолски таблици, управувано од Н.Б.(32) од село Гермијан.
При контролата било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола. Полициските службеници побарале од возачот да повика лице со возачка дозвола кое би го однело возилото до Станицата за технички преглед.
По кратко време дошло лицето В.М.(22) од Битола, кој го однел возилото до Станицата за технички преглед на улица Македонска фаланга. Набргу потоа, во станицата за технички преглед дошол Т.М.(татко на В.М.), по што и двајцата почнале да ги навредуваат, да им се закануваат, а во еден момент се обиделе и физички да ги нападнат полициските службеници, но биле совладани и приведени во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.