Хроника 02. мај 2020. / 15:06

Безживотното тело на 36-годишен велешанец пронајдено во руинирана куќа во Прилеп

Безживотното тело на 36-годишен велешанец пронајдено во руинирана куќа во Прилеп

Во руинирана куќа на улица Кузман Јосифовски-Питу во Прилеп вчера во 12.35 часот бил пронајден починат И.С.(36) од Велес.

МВР информира дека лекар констатирал смрт, без траги на насилство. Извршен бил увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информира МВР.