Хроника 12. август 2020. / 20:45

Безживотно женско тело извадено од Пчиња кај Катланово

Безживотно женско тело извадено од Пчиња кај Катланово

Пожарникари од Скопје извадија безживотно женско тело од реката Пчиња.

„Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, на крајот безживотното тело од реката беше извадено“, соопштија од Пожарна Скопје.

Телото е извадено кај Катланово.