Хроника 19. ноември 2020. / 21:34

Безживотно тело пронајдено во делчевско

Безживотно тело пронајдено во делчевско

Кај место викано „Чачарата“, атар на селото Очипала, делчевско, вчера утрото од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп.

Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје. Се работи на расчистување на случајот.