Хроника 18. мај 2018. / 15:35

Беровец заработи кривична пријава – физички нападнал медицинска сестра

Беровец заработи кривична пријава – физички нападнал медицинска сестра

Полициската станица Берово поднесе кривична пријава против О.К. (27) од тој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

МВР информира дека на 6 мај околу 21 часот во просториите на Итната медицинска помош во Здравствен дом во Берово, при преглед на неговата сопруга, пријавениот упатувал закани кон медицинската сестра Ш.М., по што и физички ја нападнал.