Хроника 07. јануари 2020. / 12:22

Бегалец баран за апсење приведен на скопскиот аеродром

Бегалец баран за апсење приведен на скопскиот аеродром

Вчера попладне на Граничен премин „Меѓународен аеродром – Скопје“, од слобода бил лишен К.Ѓ. (63) од Скопје поради тоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по барање на СВР-Скопје.

Подоцна, тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица  Гази Баба за понатамошна постапка.