Вчера во 13.00 часот во СВР Велес, од Јавната здравствена установа Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато седуммесечно бебе од с.Бузалково.
Од извршениот разговор со родителите било констатирано дека околу 11.30 часот, додека мајката го држела бебето во рацете, забележала дека не давало знаци на живот. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција.