Хроника 11. ноември 2019. / 16:13

Бандите на Шутка: Во групна тепачка се тепале со дрвени предмети

Бандите на Шутка: Во групна тепачка се тепале со дрвени предмети

На 10.11.2019 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Брсјачка буна’’ во Скопје, по претходна расправија, настанала физичка пресметка со употреба на дрвени предмети помеѓу Б.М.(33), Ѓ.Р.(34) и малолетник, сите од Скопје, од една страна и Л.Ќ.(20) и А.Л., двајцата од Скопје, од друга страна.

Лицата биле лишени од слобода и сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР.