Тешко повредено 13-годишно момче од Скопје при удар од багер кај местото викано „Врапче“ ( на стариот пат за село Батинци), за време на изведување на градежни работи на приватна фирма.
По укажаната лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, момчето е хоспитализирано вo комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.