Автомобил во сопственост на Конзулатот на Грција во Битола вчера бил оштетен.
Според информациите на МВР, вчера А.К. пријавил во полиција дека е оштетено предно ветробранско стакло од возило „мерцедес“, сопственост на Конзулатот на Грција во Битола, паркирано на улица Елпида Караманди во Битола.
Исто така, А.К. пријавил и дека со тврд предмет е оштетен кровот на возило „опел гранд ланд“, сопственост на неговата сопруга, паркиран на улица Елпида Караманди, во Битола.