Хроника 06. октомври 2019. / 23:01

Автомобил урнал ограда на парк за миленичиња

Автомобил урнал ограда на парк за миленичиња

Дел од оградата на паркот за миленици спроти Веро 2 во населбата Козле е уништена откако вчеравечер некој на местото влетал со автомобил.

Како што пишува „Скопје1“, загрижени граѓани кои таму ги изнесуваат своите миленици се обиделе да го контактираат градоначалникот Петре Шилегов, но, како што велат, не добиле одговор дали оградата ќе биде санирана.