Тешко повреден дваесет и шест годишен возач од Виница, кој вчера попладнето на регионалниот пат Виница-Берово, со своето возило „Дачија Дастер“ од засега непознати причини, се превртел и паднал под мостотна Ленишка река.
Несреќата се случила кога тој прво поминал на левата сообраќајна лента, при што возилото се свртело странично и со десната страна удрило во метална ограда од мостот и завршило под мостот.
Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од Полициската станица Берово. Се работи на целосно расчистување на случајот.