Хроника 15. февруари 2019. / 11:38

Автомобил удри жена во Скопје

Автомобил удри жена во Скопје

Педесет и седумгодишна жена е тешко повредена кога во неа удрил автомобил „форд фокус“ на улицата Индира Ганди во Скопје. Возилото го управувал 23-годишниот Е.Ш. од Скопје.

С.Д. добила тешки телесни повреди и со истото возило била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.