Хроника 26. мај 2018. / 12:39

Автомобил удри во пешак на „Партизанска“

Автомобил удри во пешак на „Партизанска“

Вчера на крстосницата од булеварот „Партизански Одреди“ со улицата „Радушка“ во Скопје, патничко возило од марката „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С (46) од село Глумово, скопско, удрило во 67-годишна жена од Волково.

Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а по укажаната помош била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.