На регионалниот пат Чашка-Велес во месноста Долги Рид претпладнево околу 11:30 часот во движење се запали автомобил марка „фолсваген поло“.
Возачот веднаш излегол и повикал пожарна екипа, која веднаш пристигнала и за десетина минути го изгаснала пожарот, но автомобилот бил целосно изгорен. Возилото не било осигурано „каско“ и затоа не е сомнителен, туку е несреќен случај. Најверојатно сопственикот имал некои проблеми со моторот, по што настанал пожарот, информира за Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Увид на местото на несреќата направи екипа на СВР Велес.
За време на интервенцијата на пожарникарите во прекин бил сообраќајот Велес – Чашка и обратно, по што повторно бил пуштен во функција.