Хроника 05. октомври 2018. / 10:46

Автомобил се преврте во Скопје – жена итно пренесена на Ургентен

Автомобил се преврте во Скопје – жена итно пренесена на Ургентен

Автомобил се преврте кај улицата „Борис Трајковски“ вчера во 11:05 часот.

Како што информираат од МВР, патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишната Л.С. од Скопје, изгубило контрола и се превртело. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Л.С. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.