Едногодишно и шестгодишно дете, како и 27-годишен човек од Косово се повредени откако во нив удрил автомобил додека ја поминувале улицата „Македонска Косовска Бригада“ во Скопје.
На повредените медицинска помош им е укажана во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.