Вчера околу 00.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Карбинци, во с.Стар Караорман возило „опел астра“ со штипски таблици управувано од К.Д. (23) од с.Стар Караорман излеталo надвор од коловозот и удрилo во дрво, а потоа во бетонска ограда и се превртелo.
По незгодата К.Д. со возило на Итна медицинска помош со повреди била пренесена во Клиничката болница во Штип.