Хроника 18. август 2019. / 11:50

Автомобил излета од патот во Битола – возачот тешко повреден

Автомобил излета од патот во Битола – возачот тешко повреден

Вчеравечер 23,28 часот било пријавено дека на патот за с.Егри-битолско патничко моторно возило „ппел астра“, со битолски регистарски ознаки управувано од Б.М.(58) од Битола излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.