Хроника 22. април 2018. / 17:24

Автомобил излета од патот кај патарината Градско – возачот итно префрлен во болница

Автомобил излета од патот кај патарината Градско – возачот итно префрлен во болница

Едно лице е повредено откако автомобил „БМВ“ излетал од патот Неготино-Велес, на петстотини метри пред патарината Градско, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Повреден е возачот на патничкиот автомобил со скопски регистарски ознаки. Бил приклештен во возилото, па на лице место интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кавадарци која го извадила од возилото – појасни Додевски.

Нагласи дека во моментот не може да даде повеќе детали за случајот, бидејќи во тек е увидот на лице место.

Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен од Здравствен дом Кавадарци во болницата во Велес.