Вчера во 12.30 часот на улица „Благоја Стевковски“ во Скопје, автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(56) од Скопје, удрил во пешакот Г.Г.(63) од Скопје.
Од МВР информираат дека во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.