Сообраќајна незгода во која автобус се заби во дрво се случи денеска во скопската населба Автокоманда.
Според сведоштва од социјалните мрежи сообраќајката се случила кај вториот надвозник од Автокоманда кон Маџари.
Сообраќајот во овој момент се одвива отежнато, велат очевидци на фејсбук.
Засега нема информација за причината за несреќата и за повредени во истата.