Хроника 16. февруари 2019. / 20:44

Автобус на „Дурмо турс“ и лани излетал од пат

Автобус на „Дурмо турс“ и лани излетал од пат

На 9 март 2018 година косовските медиуми јавија за излетан автобус од патот Скопје – Приштина при што немало некои посериозни повреди на патниците. Тогаш со кран бил ваден автобус на „Дурмо турс“ пренесе МКД.мк.

Автобус на оваа компанија пред три дена излета од автопатот Скопје – Тетово при што загинаа 15 патници.

Министерството за транспорт и врски денеска информираше дека оваа компанија има 18 меѓународни линии и 36 шофери со лиценца. „Дурмо турс“ за меѓународен и меѓуопштински превоз има 40 автобуси.