Хроника

Авганистанци приведени во Липково

Авганистанци приведени во Липково

Синоќа во 00:45 часот по полноќ, на излез од село Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Миратовачки пат“, при обид на илегално преминување на дражвната граница, полициски службеници ги забележале и привеле во Полициската станица за Граничен надзор Сопот 21-годишниот А.С. од село Лојане, општина Липково и две лица од Авганистан.

Подоцна, на место викано „Ресуљка“, биле пронајдени и приведени уште 14 лица од Пакистан.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.