Хроника 18. февруари 2019. / 11:55

,,Ауди” удри во 11 годишно девојче

,,Ауди” удри во 11 годишно девојче
,Ауди” удри во 11 годишно девојче во Велес. Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 13.50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес.

Патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К.(33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.