Хроника 05. октомври 2018. / 10:28

Арачиновец шверцувал мигранти

Арачиновец шверцувал мигранти

Полицијата уапсила арачиновец кој шверцувал мигранти, информираше МВР.

Шверцерот бил уапсен вчера околу 20.30 часот на клучката во село Смоквица.

Полициски службеници запреле автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(45) од село Арачиново. Притоа во возилото биле затекнати седум мигранти, од кои шест од Авганистан и еден од Шри Ланка.

Арачиновецот бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.