Хроника 30. јануари 2019. / 11:24

Апсење на скопскиот аеродром Турци сакале да патуваат со „фалц“ пасоши

Апсење на скопскиот аеродром Турци сакале да патуваат со „фалц“ пасоши

Вчера попладне на Граничен премин Аеродром Скопје, при пасошка контрола, било констатирано дека патните исправи на лицата П.Б. (34) и Е.Ф. (35), двајцата од Шпанија, биле фалсификувани.

При дополнителна контрола кај нив биле пронајдени патни исправи на име О.Н. (35) и O.Л. (34) од Република Турција. Лицата биле приведени и во 23.30 часот предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Север за понатамошна постапка.