Хроника

Апсење на скопскиот аеродром: Го депортирале од Швајцарија

Апсење на скопскиот аеродром: Го депортирале од Швајцарија

Во текот на вчерашниот ден во 13:40 часот на Граничен премин Аеродром Скопје како депортирано лице од Швајцарија пристигнал В.Ш.(36) од с.Камењане, тетовско, информираат од МВР.

При пропроверка било констатирано дека лицето се наоѓа на листата со мерка “А” (апси) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во 16.50 часот лицето било предадено на полициски службеници од СВР Скопје за спроведување до Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.