Хроника 26. јули 2018. / 12:48

Апсење на Граничниот Деве Баир

Апсење на Граничниот Деве Баир

Вчера во 13:00 часот на граничниот премин „Деве Баир“ на влез во Македонија, поради постоење сомнение дека зелената карта му била фалсификувана, приведен бил 29-годишниот Г.Р. од Турција, кој управувал товарно моторно возило „Ивеко“ со турски национални ознаки и полуприколка.

Лицето било приведено во Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка.