Хроника 05. август 2019. / 12:16

Апелација потврди: Седум и пол години затвор за дедото на малата Тамара

Апелација потврди: Седум и пол години затвор за дедото на малата Тамара

Апелација ја потврди првостепената казна за дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски кој беше осуден на казна затвор од седум и пол години поради обидот за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, пишува НоваТВ.

Одлуката на Апелација е испратена до Кривичниот суд.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни 2017.

Малата Тамара Димовска почина пред повеќе од 4 години, чекајќи операција на рбетот во странство. Против лекарите сега се води судски процес.