Хроника 29. ноември 2018. / 13:31

Aпелација ја укина затворската казна за дедото на малата Тамара

Aпелација ја укина затворската казна за дедото на малата Тамара

По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, апелација одлучи да му ja укине затворската казна од 7,5 години која му беше определна за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пренесува Телма.

Апелација одлучи судењето да почне одново. Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.