Хроника 27. март 2019. / 13:33

Антикорупциска отвори случаи против повеќе судии

Антикорупциска отвори случаи против повеќе судии

Државната антикорупциска комисија отвори случаи против повеќе судии за злоупотреби и коруптивни дејствија.

Комисијата ќе ја испитува имотната состојба на судијата од Кривичен суд Владимир Панчевски, потоа на претседателот на Врховен Суд, Јово Вангеловски, како и судијките Александра Зафировска, Светлана Костова и Софија Лаличиќ.

Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, на денешната седница рече дека ќе се проверуваат нивните анкетни листови и изјавите за интереси врз основа на извештајот за човекови права.