Синоќа окоу 23 часот, пријавено било дека во трговски центар во Скопје, лицата Р.Ф.Б. (58) и Д.В.Е. (54), двајцата од Англија, го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз А.Ј. (29) и С.Н. (28) од Скопје.
По нападот тие побегнале со такси возило, но набргу потоа биле пронајдени и приведени во Полициската станица Центар за понатамошно постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.