Засилените сообраќајни контроли ги намалија сообраќајните незгоди на патиштата во државата, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
На прес-конференција во Битола тој потврди дека информацијата е базирана на досегашните анализи во МВР.
-Досега спроведените мерки резултираат со намалување на сообраќајните прекршоци, а имаме намалување на сообраќајни незгоди. Тоа е клучната цел на заселените акциски контроли. Досегашните анализи покажуваат дека имаме намалување на сообраќајните незгоди, изјави Ангеловски.
МВР продолжи со засилените акциски контроли во сообраќајот, а денеска и вчера засилените акциски контроли се вршат во Битола и во Прилеп.
-Во текот на вчерашниот ден изречени се 183 санкции на возачи од Битола и од Прилеп, од нив, најголем број 48 се за возење нерегистрирани возила, а 34 се за возење без возачка дозвола. Исто така се санкционираат сообраќајни прекршоци како што се пречекорување на брзината, возење под дејство на алкохол и други прекршоци. Апелирам до сите граѓани заеднички да ги почитуваме сите сообраќајни правила и прописи и дадеме свој придонес во зголемувањето на безбедноста на улците и патиштата во дражавата, рече Ангеловски.
Засилените сообраќајни контроли на МВР ќе продолжат