Хроника 11. јуни 2018. / 13:57

Александар Василевски – Нинџа и се предаде на полицијата и е спроведен во притвор

Александар Василевски – Нинџа и се предаде на полицијата и е спроведен во притвор

Александар Василевски – Нинџа еден од осомничените за крвавите настани од 27 април во Собранието, кој се бараше со меѓународна потерница, сам се предал на полицијата и е спроведен во Истражниот затвор „Скопје“, дознава „Макфакс“.

Претходно беше приведен и Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница. На нив им е одреден притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Пред два месеци Никола Митровски Кољо, кој им беше недостапен на органите на прогонот самиот се пријави во полиција откако претходно во отсуство му беше определен притвор. МВР него го бараше со потерница, зааедно си уште тројца обвинети за минатогодишните настани во „Собранието“. Тој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста според член 313 од Кривичниот законик.

Неговото име во медиумите се споменуваше како едно од лицата кое им овозможило да избегаат на Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Според веб-страницата на МВР за потраги, сè уште недостапни за полицијата се Дејан Давидовски и Митре Питроповски.