Хроника 01. септември 2020. / 15:32

Aлбански државјани се обиделе со фалсификувани документи да влезат преку охридскиот аеродром

Aлбански државјани се обиделе со фалсификувани документи да влезат преку охридскиот аеродром

Петмина државјани на Република Албанија со фалсификувани документи се обиделе да влезат во Република Македонија.

Како што соопшти МВР, станува збор за двајца малолетници, 41-годишниот Т.Р., 40-годишниот Б.Г. и 37-годишниот Б.Р.

-Регионалниот центар за гранични работи Запад, до Основно јавно обвинителсво Охрид, поднесе кривична пријава против Т.Р.(41), Б.Г.(40), Б.Р.(37)и двајца малолетници, сите од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“, казниво по член 378 став 1 од Кривичниот законик. Вчера во 11.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле Охрид“ тие се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи, се вели во полицискиот билтен.