Дваесетишестгодишен Албанец вчера бил уапсен на скопскиот аеродром. Како што соопштија од МВР, во 07:55 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ полициски службеници го привеле Б.Л.(26) од Република Албанија, поради тоа што при проверки било утврдено дека приложил лична карта од Република Грција, која била фалсификувана.
Тој бил предаден на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.