Хроника 16. јули 2018. / 10:30

Албанец дошол да работи во Скопје – Од тогаш му се губи трага

Албанец дошол да работи во Скопје – Од тогаш му се губи трага

На 14.07.2018 година во 10,45 часот во Полициска станица Гостивар, Ш.К.(35) од Пешкопеја-Р.Албанија, пријавил дека исчезнал неговиот пријател И.М.(32) од Р.Албанија, кој привремено работел во Гостивар, а од 24.06.2018 година околу 10,45 часот заминал во Скопје со цел да работи кај лице од село Морани но од тој момент не е достапен на мобилен телефон. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.