Двајца албански државјани се упасени во дојранско во обид нелегално да ја преминат македонско-грчката граница.
На 05.09.2019 во 05.30 часот во атар на с.Николиќ, дојранско, полициски службеници ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија, поради тоа што се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Македонија со Грција.
Лицата биле предадени во Полициската станица Дојран за понатамошна постапка.