Хроника 23. јуни 2018. / 12:32

Албанци претепале поранешен пратеник на СДСМ

Албанци претепале поранешен пратеник на СДСМ

Во Тетово од страна на група Албанци е претепан Стојко Пауноски, поранешен пратеник од редовите на владејачката СДСМ.

Стојко Пауноски кој живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повикал сообраќајна полиција откако имал расправија од соседното албанско кафуле кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат

Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група Албанци пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, Стојко Пауноски од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани Албанци ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец.

Околу 1 часот по полноќ Пауноски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирана тешка телесна повреда на скршени коски и течки набиеници.