Хроника 11. декември 2018. / 12:06

Албанци нелегално престојувале и краделе во гостиварски села

Албанци нелегално престојувале и краделе во гостиварски села

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчеравечер ( 10 декември ) околу 19 часот и 20 минути, ги лишиле од слобода албанските држaвјани Д.Л.( 19 ) и К.Р.( 19 ), кои нелегално влегле и непријавено престојувале на подрачјето и поради сомнение дека се инволвирани во кражби во неколку гостиварски села.

Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар и потоа  предадени се во Отсекот за прекуграничен крминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.