Хроника 26. јули 2019. / 10:56

Албанци фатени со кокаин на патот Дебар-Маврови Анови

Албанци фатени со кокаин на патот Дебар-Маврови Анови

Синоќа околу 22 часот на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница, ги лишиле од слобода албанските државјани К.Л. (21) и Р.С. (43) од Пешкопеја.

Oткако било запрено нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки, пронајден им е кокаин, по што К.Л. се обидел да избега, но набрзо бил фатен.

Извршен е увид, а двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирањена случајот.