Хроника 26. март 2019. / 11:29

Активни пожари во Битолско

Активни пожари во Битолско

Центарот за управување со кризи соопшти дека од вчера попладне има активен пожар во атарот на с.Змирнево-сДрагожани. Гори сува трева и нискостеблеста шума. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале екипа од ТППЕ Битола и лица од ШС Кајмакчалан од Битола. За пожарите известени се: ЕЛС-Битола, ДЗС-Битола, Национален Парк-Пелистер и МВР-СВР-Битола.

Исто така, од попладнето активен е пожар во с.Старавина-с.Будимици. Во негово гаснење во текот на денот интервенирале една екипа од ШС Кајмакчалан од Битола.

Во врска со пожарите на територијата на општина Битола Градоначалникот на општината свикал седница на општински кризен штаб на која се разгледувала моменталната состојба со пожарите во битолскиот реон.

Активен е пожар на нискостеблеста дабова шума во атар на с.Сопотница, општина Демир Хисар. Во негово гаснење во текот на денот интервенирале вработени од ШС Бигла од Демир Хисар. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Пожарот кој започнал на ден 24.03.2019 година во с.Лева Река м.в.Честак, општина Ресен е ставен под контрола. Горела нисткостеблеста дабова шума. На негово гаснење интервенирале лица од ШС од Ресен и ТППЕ Ресен.

Активен е пожар во с.Тројаци-с.Радобил-с.Царевиќ, општина Прилеп каде гори шума, а спорд последните информации има можност да биде зафатена борова шума. Во текот на денот во негово гаснење интервенирале екипа на ТППЕ. Со гаснењето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.