Хроника 30. мај 2018. / 12:24

Акција во тетовско: Полицијата влезе во куќа во Џепчиште

Акција во тетовско: Полицијата влезе во куќа во Џепчиште

Вчера во 16,00 часот во селото Џепчиште-тетовско, од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, по наредба за претрес од Основен Суд-Тетово, бил извршен претрес во домот на 61-годишниот А.С. при што пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје.

А.С. бил лишен од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок.