Саботата кон неделата, полициски службеници спровеле акциска контрола во угостителски објект на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово, сопственост на 25-годишниот Љ.А. од Мала Речица, тетовско.
Притоа, во објектот биле затекнати шест државјани на Република Албанија, од кои четири женски лица и две машки. Лицата биле приведени и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.