Хроника 10. октомври 2018. / 13:43

Акција на полицијата: Во Македонија истрага за местење фудбалски натпревари

Акција на полицијата: Во Македонија истрага за местење фудбалски натпревари

Полициски службеници спроведоа рации во седум држави во Европа, откако белгиски обвинители побараа истрага за измами и местење фудбалски натпревари.

Вкупно 220 полицајци спровеле 44 претреси низ Белгија, како и во Франција, Луксембург, Кипар, Црна Гора, Србија и Македонија, соопштија белгиските обвинители.

– Голем број лица се лишени од слобода и се преземаат акции за целосно расчитување на случајот, се вели во соопштението.